ТРКАЛЕЗНА МАСА ПОСВЕТЕНА НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ПОДДРШКА НА СЛЕПИТЕ ЛИЦА

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска зеде учество на тркалезната маса, посветена на иницијативи за поддршка на слепите лица, во соработка со УСАИД. Во своето воведно обраќање тој истакна дека визуелниот систем е еден од најважните за правилен раст и развој на едно дете. Доколку се утврдат одредени недоследности, најдобри резултати има кога навремено се санираат.

– Скринингот на 30.000 деца веќе даде конкретни информации за состојбата со видот кај децата во нашата земја. Министерството за здравство до крајот на годината ќе воведе Програма за ран скрининг на видот кај децата и ќе ги преземе сите мерки во рамки на организиран систем кој ќе понуди здрава иднина за здрави деца, потенцираше министерот Филипче.

Share This Article :

Related Posts