УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ КАПАЦИТЕТИ ВО УСЛОВИ СО БЕГАЛСКАТА И МИГРАНТСКА КРИЗА

Министерството за здравство во соработка со УНФПА – Фонд за население на Обединети нации и Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА во периодот  до 29 до 31 октомври 2018 година, организира обука на тема „Минимален пакет на услуги за сексуално и репродуктивно здравје во кризни состојби“.

Обуката произлегува од искуството со бегалската и мигрантска криза во Македонија и потребата од унапредување на здравствените капацитети и координацијата на сите инволвирани страни во давањето на здравствени услуги и поддршка на мигрантите, особено за репродуктивното здравје на жените.

На работилницата учествуваат здравствени работници од примарната здравствена заштита (матичните лекари), единиците на брзата помош, гинеколошко-акушерските болници, Црвениот Крст на Република Македонија, претставници од Центарот за управување со кризи и граѓански организации кои работат на унапредување на правата на кризата со бегалците и мигрантите.

Главната цел на обуката е да се сензибилизираат здравствените работници и претставниците од други институции и организации кои директно работат на справување со кризи за сексуалното и репродуктивно здравје во хуманитарни состојби, како и да се подобри координацијата.

Share This Article :

Related Posts