ОБУКА ЗА ТРАНСПОРТ НА НОВОРОДЕНЧИЊА И РЕТИНОПАТИЈА КАЈ ПРЕДВРЕМЕНО РОДЕНИ

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев се обрати на свечено доделување сертификати по повод успешно завршената обука на здравствени работници за реанимација, транспорт и ретинопатија на новороденчиња, организирана во соработка со Турската канцеларија за развој и соработка-ТИКА. 

Д-р Милошев истакна дека обуката е дел од меѓусебната соработка со ТИКА, во насока на континуирана едукација на здравствениот персонал, што е од исклучително значење за унапредување на вештините и знаењата на здравствените работници, со посебен фокус на здравјето на новороденчињата.


Оваа обука е фокусирана на транспорт на новороденчиња и ретинопатија кај предвремено родени бебиња и очекуваме дека значително ќе придонесе кон зајакнување на овие капацитети во сите родилишта низ државата, посочи д-р Милошев.

Share This Article :

Related Posts