ОТВОРЕНИ ЧЕТИРИ НОВИ ПУНКТА ЗА КОВИД ВАКЦИНАЦИЈА ВО СКОПЈЕ

Поради зголемениот интерес за вакцинација, отворени се дополнителни четири пункта за имунизација против Ковид-19. Пунктовите во Скопје се во поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров. Во две смени работат пунктовите во Чаир, Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар. Во прва смена работат поликлиниките во Шуто Оризари, Драчево и Ченто.

Вакцини има доволно, во сите пунктови се надополнуваат потрошените количини. Вакцините се безбедни и се единственото оружје со кое располагаме во борба против Ковид-19 вирусот. Вакцините штитат од тежок тек на болеста и од смртен исход од вирусот. Само со масовно вакцинирање на населението може да ги спречиме тамошните мутации на овој вирус и затоа, повикуваме на вклучување кон процесот на имунизација на сите граѓани.

Сподели на:

Related Posts