ВАКЦИНИРАНИТЕ СО СИНОВАК И СИНОФАРМ ТРЕТА ДОЗА МОЖЕ ДА ПРИМАТ ТРИ МЕСЕЦИ ПО РЕВАКЦИНА

Националниот Комитет за имунизација донесе одлука со која препорачува, граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на производителите Синовак и Синофарм, трета доза вакцина може да примат по изминати три месеци од ревакцинација.

Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот Фајзер, а вакцинацијата е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата. За граѓаните кои примиле друг тип вакцина, Фајзер, Астра Зенека или Спутник В, трета доза вакцина може да примаат по поминати шест месеци од ревакцинација.

Вакцините освен што се ефикасни, се исто така безбедни, укажуваме на важноста на вакцинација. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Сподели на:

Related Posts