ВЧЕРАШНАТА ФУДБАЛСКА ВЕЧЕР БЕЗ ЛЕКАРСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ!

Според информациите од дежурните екипи, во текот на вчерашната вечер околу одржувањето на Супер купот на УЕФА, не е регистрирано зголемување на вообичаениот број интервенции.
На Клиниката за токсикологија не е примен ниту еден пациент, во службата за Итна медицинска помош не се регистрирани колапси, а само еден странски државјанин со скршеница на рака е транспортиран во Клиниката по хируршки болести „Св.Наум Охридски“. Исто така, и од Ургентниот центар во комплексот клиники информираат дека ноќта поминала мирно и без зголемен број интервенции.
Оваа состојба покажува зголемена свесност кај граѓаните и почитување на здравствените препораки.

Сподели на:

Related Posts

Остави коментар