ВЛАДАТА НА САД ПРЕКУ УСАИД, УНИЦЕФ И СЗО СО КОНТИНУИРАНА ПОДДРШКА НА НАШАТА ЗЕМЈА ЗА СООДВЕТЕН ОДГОВОР НА КОВИД-19

Владата на САД од почетокот на пандемијата безрезервно ни дава поддршка како за справување со ковид кризата, така и во процесот на вакцинација и за подобрување на здравствениот систем во државата.

На средбата со н.е. Кејт Мари Брнз, амбасадорка на САД во Република Северна Македонија, д-р Џихан Тавила од СЗО, Патриција ДиЏовани УНИЦЕФ, Ерик Јановски претставник од канцеларијата на УСАИД, беше најавена нова донација од 2,7 милиони американски долари што ќе ја добиеме за развој на здравствниот сектор.

Од почетокот на пандемијата, Владата на САД преку УСАИД, УНИЦЕФ и СЗО, дава континуирана поддршка на нашата земја во зајакнувањето на капацитетите на здравствениот систем за соодветен одговор на Ковид 19 и за постигнување состојба на подготвеност за идни закани за здравјето и идни здравствени вонредни состојби.Голема благодарност до САД, за поддршката која ја даваат во секторот на јавното здравство, како и за помошта од самиот почеток на кризата со Ковид 19.

Сподели на:

Related Posts