ВО КЛИНИЧКИОТ КАМПУС СО РАБОТНА АКЦИЈА ОДБЕЛЕЖАН 5 ДЕКЕМВРИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ВОЛОНТЕРИТЕ

Волонтери од Министерство за здравство, Црвениот крст на Град Скопје, Волонтерски центар – Скопје, како и волонтери од универзитетските клиники и од Медицинскиот факултет, денеска, во дворот на Универзитетски Клинички центар ,,Мајка Тереза”, со работна акција го одбележаа Светскиот ден на волонтеризмот.

Во одбележување на овој ден се приклучи и општина Центар и го поддржа настанот со донација на нови стилизирани канти за отпадоци за потребите на Клинички Центар.

Ова е ден кој го прославуваат над 17 милиони волонтери од целиот свет. Волонтерството е доброволно давање на услуги инспирирано единствено од слободната волја, а не од желбата за материјална или финансиска добивка.

Во 1985 година, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласило 5 Декември за меѓународен Ден на волонтерите, со желба да се подигне свеста за непроценливото влијание кое нивните активности го имаат врз заедницата и општеството.

Share This Article :

Related Posts