ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ ВО СКОПЈЕ ЗА 24 ЧАСА СЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ 49 ПАЦИЕНТИ, ВКУПНО СЕ ЛЕКУВААТ 461 БОЛЕН, СОМНИТЕЛЕН И ПОТВРДЕН ЗА КОВИД -19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 49 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 461 лице, кои се сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и  тоа на ТБЦ имало девет приеми, еден во ковид центарот на Клиниката за неврологија, двајца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија,  тројца пациенти на Клиниката за нефрологија и исто толку во ковид центарот на Клиниката за  уво, нос и грло. На Клиниката за очни болести имало два приема.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 15 нови приеми на пациенти, а 14 болни биле примени на Инфективната клиника.  
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 34 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 43 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, а на Клиниката за очни болести 14 пациенти. Во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 27 пациенти.
 Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 35 пациенти, од кои 7 деца и 28 возрасен.
Вкупно 461 пациент потврден и сомнителен за Ковид- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Сподели на:

Related Posts

јануари 22, 2021

јануари 21, 2021

јануари 21, 2021