ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА РЕГИСТРИРАНО ЛИЦА ЗАБОЛЕНИ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА

Download (PDF, 6.49MB)

Во Македонија нема регистрирано лица заболени од западнонилска треска. Досега на Инфективната клиника не е регистриран ниту еден пациент заболен од овој вирус. Од пациентите, кои се јавуваат на преглед на Клиниката за инфективни болести не е поставено ниту сомнение за инфекција со вирусот.

Институтот за јавно здравје во континуитет ја следи состојбата со сите заразни заболувања, вклучувајќи ја и западнонилската треска и располага со современа лабораториска дијагностика за испитувања и потврда на евентуални сомнителни случаи.

Не секој комарец е носител на вирусот и не секој убод значи дека лицето може да заболи. Статистички гледано, потешки невроинвазивни форми на болеста се манифестираат само кај 1% од инфицираните лица, кои се јавуваат најчесто кај постари лица или лица со намален имунитет.

Едукативен материјал за вектор преносливите болести, нивните вектори (преносители) и начини на заштита –

http://www.iph.mk/multimedija/broshuri-i-flaeri/

Share This Article :

Related Posts