ВО ОХРИД ОДРЖАНА ПРВА БАЛКАНСКА СРЕДБА ЗА АЛПОРТОВ СИНДРОМ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, викендов во Охрид ја отвори првата балканска средба за Алпорт синдромот, посветена на една од ретките и сѐуште малку истражени болести на бубрезите во човечкиот организам. Дијагностицирањето претставува голем професионален предизвик, а раното и точно откривање е многу важна за луѓето заболени од Алпорт синдром. За жал, медицината сѐуште нема лек за оваа болест. Лековите засега само го одложуваат или забавуваат напредокот на оваа болест која е генетски наследна.

 – Министерството за здравство, и пред се јас лично како лекар ќе се заложам да обезбедиме сеопфатна здравствена заштита за сите пациенти кои се соочуваат со оваа болест. Работиме напорно да ја подигнеме јавната свест и преку заедничка соработка со земјите од Западен Балкан да го најдеме лекот за оваа болест. Во меѓувреме ја даваме максимално секоја здравствена и социјална помош и поддршка на овие лица, посочи во своето поздравно обраќање министерот Филипче.

Вратите на Министерството за здравство се секогаш отворени за сугестии, планови и идни чекори, а се со цел – развој на комплетната здравствената заштита и борба против оваа ретка болест.

Само со заеднички заложби можеме да работиме Алпорт Синдромот да биде болест која се лекува и да се најде нејзиниот лек.

Share This Article :

Related Posts