ВО ТЕКОТ НА 2018 И 2019 ГОДИНА, СЕ ОТВОРИЈА ШЕСТ РОСА ШКОЛИ ЗА РОДИТЕЛСТВО ВО ЈАВНО-ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ НИЗ ЦЕЛАТА ДРЖАВА

„Министерството за здравство во соработка со Пивара Скопје, во текот на 2018 и 2019 година отвори шест Роса школи за родителство во јавно-здравствените установи во градовите Скопје, Гостивар, Битола, Струмица, Куманово и Охрид. Кон крајот на 2019 година, потпишавме и Меморандум за соработка, со кој предвидено е оваа година да се отворат уште три школи во земјава. Со ова, заеднички одговараме на важните прашања поврзани со родителството“, изјави министерот Филипче.

Овие школи функционираат одлично и идните родители имаат можност да посетуваат бесплатни обуки, со цел да се едуцираат за справување со секојдневните предизвици во родителството.

Стручен тим составен од педијатар, гинеколог-акушер и патронажна сестра ги едуцира идните родители во групни здравствени-образовни работилници, организирани во 5 тематски целини за текот на бременоста, нега на трудниците, но и за подготовките за породувањето, негата и исхрана на новороденчето.

Проектот „Роса школи за родителство“ е резултат на шестмесечната кампања преку која беше издвоен по 1 денар од секое продадено шише вода „Роса“ од 1,5 л, а средствата беа наменети за комплетно реновирање и опремување на простории во здравствените институции наменети за Роса школите за родителство

.

Сподели на:

Related Posts