Во Женева презентиран напредокот на Македонија во однос на сексуалното и репродуктивно здравје

Во Женева, од 1-ви до 2-ри октомври, се одржа Меѓународна конференција за население и развој (ИЦПД) насловена „Овозможувајќи избор: Динамика на населението и одржлив развој“, на која присуствуваше делегација од Министерството за здравство.

На конференцијата, беше презентиран напредокот на Македонија во однос на сексуалното и репродуктивното здравје. Истакнато беше дека Македонија е лидер во регионот во однос на државното финансирање на националниот одговор на ХИВ по повлекување на финансиската поддршка од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија.

Како позитивен пример беше наведена заложбата на македонската Влада за обезбедување на барем едно модерно контрацептивно средство на позитивната листа на лекови и усвојување на Националниот акциски план за сексуално и репродуктивно здравје, со цел да се подобри достапноста и пристапот до услуги за сексуално и репродуктивно здравје.

Министерството за здравство ги препознава граѓанските организации како партнери и клучни чинители во државниот здравствен и социјален систем.

Сподели на:

Related Posts