ВОВЕДОВМЕ ТРИ НОВИ ТИПОВИ НА ИНСУЛИН, ИЗГОТВУВАЊЕ НА НОВА 10-ГОДИШНА СТРАТЕГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА ДИЈАБЕТЕС

Министерството за здравство информира дека е целосно посветено на обезбедување најквалитетен третман за сите пациенти со дијабетес.

Во 2018 година, направени се значајни реформи со измената на Законот за лекови и медицински средства. Нема повеќе инсулини од паралелен увоз како порано и во државата донесени се оргинални инсулини со сертификат, какви што се носат во сите развиени европски земји.

Воведени се три нови типови на инсулин, два инсулински аналози, инјектибилни и таблетарни. Со ова, значајно се подобрува квалитетот на третманот на дијабетесот.

Со сите чинители, активно се работеше во изготвување на новата 10-годишна стратегија за третман на дијабетес, која во себе содржи елементи кои ја подобруваат превенцијата, раното откривање на дијабетесот, соодветниот третман на ниво на секундарна и терциерна здравствена заштита. По носењето на стратегијата, почнува ревитализација на сите центри за дијабетес ширум Република Северна Македонија.

Со Предлог-буџетот за 2020 година, обезбедуваме инсулини, инсулински игли, глукагон, ленти за мерење на шеќер и пумпи за континуирано снабдување на инсулин, во висина од 750 милиони денари.

Share This Article :

Related Posts