ВТОР РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ ЗА ПРОМОЦИЈА И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИСТАНБУЛСКА КОНВЕНЦИЈА ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН И ТУРЦИЈА

Во рамки на вториот регионален форум за промоција и имплементација на Истанбулската конвенција во земјите од Западен Балкан и Турција, кој се одржува во Тирана (9-10 октомври), учествува претставничката од Министерството за здравство и координатор за еднакви можности, Нермина Факовиќ . На овој форум, земјите кои ја ратификувале Истанбулската конвенција ги споделуваат своите достигнувања во оваа област.
Покрај ратификација и усвојувување на закони, земјите потписнички мора да обезбедат квалитетни, интегрирани и мултисекторски сервиси за жртви на сексуално насилство вклучувајќи ги Центрите за упатување жртви на сексуално насилство со цел обезбедuвање итна медицинска грижа, собирање докази, како и психосоцијално советување.
Во рамки на овој настан, претставничката од Министерство за здравство имаше свое обраќање и притоа нагласи дека досега отворени се три вакви Центри во рамки на кои се обезбедува овој сервис и здравствените работници ќе даваат услуги по стандардизирани оперативни процедури, со кои ќе се превенираат живото-загрозувачките последици, но и ќе спасуваат многу животи. За жените жртви на сексуласно насилство во овие Центри услугите се бесплатни, односно средствата се обезбедени од Програмата за мајки и деца при Министерството за здравство.
Затоа, во наредните неколку години согласно Акцискиот план за имплементација,  предвидено е вакви центри за упатување на жртвите на сексуално насилство да функционираат на целата територија на Р.С.Македонија.
Исто така, нагласи дека  интензивно се работи на усогласување на системот на прибирање податоци за насилство врз жените, а заедно со Министерството за труд и социјална политика, ќе биде развиен и мултисекторски протокол за упатување во случај на сексуално насилство. Сите овие активности се во соработка и поддршка на УНДП и УНФПА.
Како и досега, и натаму Министерството за здравство останува отворено за соработка со граѓанските здруженија, кои работат во областа на насилство врз жени и психосоцијална заштита, бидејќи само со нивна поддршка можеме да ги детектираме и соодветно да одговориме на овие видови на насилство.

Share This Article :

Related Posts