ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ПРОСТОРОТ ВО КОМПЛЕКС КЛИНИКИ “МАЈКА ТЕРЕЗА”

Службата за заеднички и општи работи при клинички центар и Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска организираат заедничка акција за чистење на просторот во комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Акцијата се спроведува со поддршка од јавните претпријатија на Град Скопје, “Градски паркинг”, “Комунална хигиена”, “Паркови и зеленило” и депонијата “Дрисла”.
Директорката на Заеднички служби, Шкодране Дарлишта информира дека акцијата е почната во 8 часот изутрина и опфатен е просторот меѓу сите клиники, со собирање отпад, миење улици, средување на зеленилото, а се чистат и чекални, ходници и лифтови во клиниките.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши дезинфекција на депоата каде се собира комунален и медицински отпад.

Share This Article :

Related Posts