ЗАКОН ЗА КОНТРОЛА НА ОПОЈНИ ДРОГИ И ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИИ

Со овој закон се уредуваат:

– надлежностите на државните органи надлежни за контролата на производството и прометот на опојни дроги и психотропни супстанции,

– мерките за превентива на употребата и злоупотребата на опојни дроги, психотропни супстанции, за лекување, рехабилитација и социјална реинтеграција на лица зависни од опојни дроги и психотропни супстанции,

– класификација на супстанции и растенија како опојни дроги и психотропни супстанции и растенијата од кои може да се добие опојна дрога, според режимот на забрана или контрола и според нивниот вид и особини,

– намената и условите на дозволеното одгледување на растенија од кои може да се добие опојна дрога, т.е. условите за производство, промет на опојни дроги, психотропни супстанции и на растенијата од кои може да се добие опојна дрога,

– надзор над одгледувањето на растенијата од кои може да се добие опојна дрога, како и на производството, прометот и поседување на опојна дрога, психотропни супстанции, растенија од кои може да се добие опојна дрога и

– мерки за сузбивање на злоупотребата на опојните дроги и психотропните супстанции.


ЗАКОН ЗА КОНТРОЛА НА ОПОЈНИ ДРОГИ И ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИИ, редакциски пречистениот текст на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции ги опфаќа: основниот текст на Законот, објавен во „Службен весник на РМ” бр.103/08 и Законот за дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, објавен во „Службен весник на РМ” бр.124/10


  1. ЗАКОН ЗА КОНТРОЛА НА ОПОЈНИ ДРОГИ И ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИИ (Службен весник на РМ бр. 103 од 2008 година)
  2. ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КОНТРОЛА НА ОПОЈНИ ДРОГИ И ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИИ (Службен весник на РМ бр. 124 од 2010 година)
  3. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КОНТРОЛА НА ОПОЈНИ ДРОГИ И ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИИ (Службен весник на РМ бр. 164 од 2013 година)
  4. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КОНТРОЛА НА ОПОЈНИ ДРОГИ И ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИИ (Службен весник на РМ бр. 149 од 2015 година)