ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ, Д-Р АРМЕНД АРСЛАНИ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ФОРМИРАЊЕТО НАЦИОНАЛНО ЗДРУЖЕНИЕ НА ПАЦИЕНТИ СО МЕХАНИЧКА ЦИРКУЛАТОРНА ПОТПОРА НА РАБОТАТА НА СРЦЕТО И НИВНИТЕ ПОДДРЖУВАЧИ „ХРАБРО СРЦЕ“

Заменик министерот за здравство, д-р Арменд Арслани денеска присуствуваше на формирањето Национално здружение на пациенти со механичка циркулаторна потпора на работата на срцето и нивните поддржувачи „Храбро срце“ на Република Северна Македонија.

Во денешното свое обраќање на конститутивно-изборната седница на собранието на националното здружение „Храбро Срце“ ги поздрави присутните и потсети дека Министерството за здравство има одлична соработка со граѓанските организации и заеднички го унапредуваме здравствениот систем во нашата држава.

Исто така посака успешна работа и одлична соработка, со цел унапредување на здравјето на пациентите во нашата држава.

Share This Article :

Related Posts