ЗАВРШЕНА ФАЗАТА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДИ ВО РАМКИ НА ОТВОРЕНАТА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ДОГОВОР ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ИНТЕГРИРАНО МЕНАЏИРАЊЕ СО ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ЗА ХИРУРШКИ ЗАФАТИ И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ОД БОЛНИЧКИ ИНФЕКЦИИ – ПРЕТСТОИ ПЕРИОД НА ЕВАЛУАЦИЈА НА ДОБИЕНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА ОД ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ, СЀ ДО ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ

Согласно законски утврдените рокови, во врска со отворената постапка за доделување Договор за воспоставување јавно приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции, денес до 12:00 часот, преку Електронскиот систем за јавни набавки пристигнаа понуди од два економски оператори.

Постапката се спроведува согласно Законот за концесии и јавно приватно партнерство и Законот за јавни набавки, а врз основа на донесената Одлука на Владата на Република Северна Македонија од 29.01.2019 година за отпочнување постапка за доделување договор за воспоставување јавно приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции.

Во законскиот период од 29.03.2019 година до 06.06.2019 година, вкупно 7 (седум) компании (домашни и меѓународни) изразија интерес и подигнаа тендерска документација за учество на овој отворен повик. Во периодот наменет за прашања и одговори, беа добиени прашања од економски оператори во врска со предметот на набавката и препораки за измени и подобрување на тендерската документација и истите уредно беа одговорени согласно предвидените рокови, а дел од препораките транспарентно беа прифатени и тендерската документација беше изменета. Евалуацијата на понудите ќе биде извршена во најкраток можен рок и согласно одредбите од Законот за јавни набавки, по што постапката ќе продолжи со електронска аукција која ќе се спроведе преку Системот за електронски аукции на Министерството за економија.

По рангирањето и спроведената електронска аукција како последна фаза од постапката, Комисијата треба да донесе Одлука за избор на најповолниот понудувач – приватен партнер за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции.

Share This Article :

Related Posts