ЗГОЛЕМЕНА ДОСТАПНОСТ И ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ ДО ЖЕНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА РЕПРОДУКТИВНИОТ ПЕРИОД

Продолжуваме со процесот кој е дел од реформата за примарна здравствена заштита и семејните лекари. По успешно спроведениот процес на мапирање, избрани се четири града во земјава, каде за пациентките се обезбедуваат лекарски услуги за сексуално и за репродуктивно здравје.

Ординациите во здравствените домови во: Ресен, Македонски Брод, Радовиш и Делчево ќе бидат опремени со современа технолошка опрема и медицински материјали, а ќе ги користат заинтересираните семејни лекари за потребите на нивните прикрепени пациентки. За обезбедување на овие услуги, заинтересирани лекари претходно ќе поминат акредитирана обука и практика со ментори-гинеколози за ПАП и СПИ тестирања, како и за советување на пациентките. На овој начин значително ќе се зголеми достапноста и ќе се приближат услугите до жените за време на репродуктивниот период, особено во овие региони каде бројот на гинеколози е помал.

За Министерството за здравство е посебно значајна соработката со ХЕРА, Центарот за семејна медицина и ФЗО на РСМ, а изразуваме и голема благодарност за поддршката на Јапонската Влада (Japan Trust Fund).

Сподели на:

Related Posts