Author: admin

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: НЕМА ПОВЕЌЕ ДОМАШНИ АПТЕКИ, ЛЕКОВИТЕ СЕ ДОСТАПНИ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ МЕСЕЦ

Министерот за здравство доц д-р Венко Филипче, денеска оствари средба со Здружението на пензионери во Велес, на која разговараа за мерките и активностите што Министерството за здравство ги спроведува со цел унапредување на здравствениот систем во Република Северна Македонија. „Со укинувањето на квотите на рецепт, пациентите имаат достапни лекови во секое време, на почетокот, на […]

АДРЕСИ НА ЈЗУ-А

Адреси на Здравствени домови Адреси од установи од секундарна и терцијарна здравствена заштита

НОВ ТЕНДЕР НЕМА, УНИШТЕН Е ТУРСКИ ИНСУЛИН ОД ПАРАЛЕЛЕН УВОЗ ОД СТОКОВИТЕ РЕЗЕРВИ, БЕЗ ПРОВЕРЕН ЛАДЕН ЛАНЕЦ И БЕЗ СЕРТИФИКАТ

ВМРО-ДПМНЕ да престане да манипулира сакајќи да собере политички поени на сметка на здравјето на пациентите! Во врска со повторно изнесените невистини, Министерството за здравство го потенцира следново: Прво, уништен е турски инсулин од стоковите резерви и станува збор за инсулин набавен со паралелен увоз во време на претходната влада, без проверен ладен ланец, без […]

БУЏЕТОТ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО ДИЈАБЕТЕС: ЗА 2020 ГОДИНА 750 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, ВО 2017 НАМАЛЕН И ИЗНЕСУВАЛ 562 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Министерството за здравство информира дека со Предлог-буџетот за 2020 година, се обезбедуваат инсулини, инсулински игли, глукагон, ленти за мерење на шеќер и пумпи за континуирано снабдување на инсулин, во висина од 750 милиони денари, што претставува зголемување во однос на претходните години. За споредба, во 2016 година буџетот за оваа ставка изнесувал 730 милиони денари. […]

ВОВЕДОВМЕ ТРИ НОВИ ТИПОВИ НА ИНСУЛИН, ИЗГОТВУВАЊЕ НА НОВА 10-ГОДИШНА СТРАТЕГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА ДИЈАБЕТЕС

Министерството за здравство информира дека е целосно посветено на обезбедување најквалитетен третман за сите пациенти со дијабетес. Во 2018 година, направени се значајни реформи со измената на Законот за лекови и медицински средства. Нема повеќе инсулини од паралелен увоз како порано и во државата донесени се оргинални инсулини со сертификат, какви што се носат во […]

УНИШТИВМЕ ИНСУЛИН ОД ПАРАЛЕЛЕН УВОЗ НАБАВЕН ВО ВРЕМЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ, ТИЕ ДА ОДГОВОРАТ ЗОШТО СИ ИГРАЛЕ СО ЗДРАВЈЕТО НА ПАЦИЕНТИТЕ

ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори пред граѓаните зошто набавувало сомнителен инсулин за граѓаните, а не да манипулира на сметка на здравјето на пациентите. Министерството за здравство информира дека уништувањето на инсулинот е од стоковите резерви и станува збор за инсулин набавен со паралелен увоз во време на ВМРО-ДПМНЕ, а неговото отстранување е направено со одлука на […]

АНКЕТАТА НА ДЕТЕКТОР ПОКАЖА: 54,3% ОД ГРАЃАНИТЕ СМЕТААТ ДЕКА АПТЕКИТЕ СЕ ДОБРО СНАБДЕНИ СО ЛЕКОВИ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ МЕСЕЦ

Според анкетата која за потребите на Детектор во месец ноември ја изработи Институтот за политички истражувања Скопје покажа дека 54,3% од граѓаните сметаат дека аптеките се добро снабдени со лекови на рецепт во текот на целиот месец. Во месец јуни 2019 година, процентот изнесувал 45,6%, што претставува зголемување за 8%. Со укинувањето на квотите за […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: УСПЕШНО СЕ ИЗВЕДЕНИ ЧЕТИРИ КАДАВЕРИЧНИ ТРАНСПЛАНТАЦИИ, ТРАНСПЛАНТАЦИЈАТА НА ОРГАНИ Е ИСКЛУЧИТЕЛНО БЛАГОРОДЕН ЧИН

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска учествуваше на стручната средба на тема „Улогата на медицинската сестра во процесот на трансплантација на бубрег“, во организација на Секцијата на медицински сестри и техничари по нефрологија, дијализа и трансплантација при Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ). „Трансплантацијата на органи е исклучително благороден […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ПРЕДЛОГ-БУЏЕТОТ ЗА 2020 ГОДИНА Е КРЕИРАН СПОРЕД ПОТРЕБИТЕ НА ПАЦИЕНТИТЕ И ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска одржа прес-конференција на која го презентираше Предлог-буџетот за 2020 година, креиран според потребите на пациентите и здравствените работници. Тој истакна дека буџетот изнесува 7.1 милијарда денари, зголемен е за 634 милиони денари, во споредба со буџетот од 2019 година. Во продолжение на ова соопштение ви го пренесуваме […]

ПРИВАТНИТЕ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ – ДОКТОРИ НА МЕДИЦИНА ОД КОНКУРСОТ 2019, ПОЧНАТИ ВО МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ, КОИ ИЗРАЗУВААТ ИНТЕРЕС ЗА МЕСЕЧЕН ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК ДА ДОСТАВАТ ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРЕКУ АРХИВА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Приватните специјализанти – доктори на медицина од конкурсот 2019, почнати во месец септември, кои изразуваат интерес за месечен паричен надоместок да достават документација преку архива во Министерство за здравство. Специјализантите треба да достават: – Пополнет формулар (во прилог) – Потврда од агенција за вработување доколку се невработени или М1/М2 образец доколку се вработени – Копија […]