Author: Daniela Aleksoska

НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ЌЕ СЕ ГРАДИ НА ЛОКАЦИЈА ВО БАРДОВЦИ

Новиот Клинички центар ќе се гради на локација во близина на Психијатриската болница во Бардовци, а планирано е таму да бидат сместени и Медицинскиот факултет, соодветен истражувачки центар и кампус за студенти по медицина, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Според проценките, изградбата треба да почне за година и пол до две, а да трае четири […]

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИ ДЕН НА БУБРЕГОТ

Државниот секретар, д-р Владимир Милошев учествуваше на традиционалното одбележување на Светскиот ден на бубрегот, во организација на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“, што годинава се одбележа под мотото „Бубрезите и здравјето на жените“.  -Министерството, секоја година, во рамки на превентивните и куративните програми изготвува посебна Програма за трансплантација, која за годинава изнесува 8 милиони денари. Во […]

СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЧКИ НА ЖЕНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ПО ПОВОД 8 МАРТ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска по повод одбележување на 8 март – Интернационалниот ден на жените, одржа средба со претставничките на женски организации, како партнер на Министерството во креирање политики за унапредување на здравјето на мајките и новороденчињата.

ИНТЕРСЕКТОРСКИ ПРИСТАП ВО ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ИСТАНБУЛСКАТА КОНВЕНЦИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска присуствуваа на настан посветен на Истанбулската конвенција за превенција и борба против семејното и насилството врз жената, која Македонија ја ратификуваше на 22 декември 2017-та година. Министерот Филипче во своето обраќање истакна […]

НОВА ОПРЕМА ЗА ДЕТСКА КЛИНИКА СО ПОДДРШКА ОД ГЕРМАНСКА АМБАСАДА И ПРОЕКТ ХОПЕ

Опрема за реанимација со неинвазивна респираторна поддршка, наменета за предвремено родени деца, односно доенчиња кај кои е потребно подобрување на волуменот на белите дробови, доби денеска Универзитетската клиника за детски болести. Станува збор за донација добиена со поддршка од Германската амбасада и проектот Хопе. По повод донацијата, министерот за здравство Венко Филипче и германскиот амбасадор […]

ИНТЕРСЕКТОРСКИ ПРИСТАП ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЛЕКУВАЊЕ ЛИЦА СО ЗАВИСНОСТ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН, Луиза Винтон го посетија здружението на граѓани за советување и лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависници од психотропни супстанци „Избор Струмица“. Здружението работи и на развивање социјално претприемништво и […]

ПРОМОВИРАНА ИНТЕРНЕТ АЛАТКА ЗА САМОПРОЦЕНКА НА РИЗИК ОД ДРОГИ

Во центарот за превенција и третман на зависности од дрога во Кисела вода  беше  промовирана интернет алатка за самопроценка на ризикот од употреба на дроги, што претставува рана детекција и брза интервенција за да се опфатат младите, кои употребуваат супстанци, а кои досега не побарале помош од постојните програми. Д-р Лилјана Игњатова, постојан дописник на […]

ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Унапредувањето на третманот на лицата со ХИВ/сида е еден од врвните приоритети на Владата на Република Македонија и Министерството за здравство. Оваа година е значајна, бидејќи државата во целост ги презема обврските за обезбедување терапија за овие лица, кои во претходните години беа потпомогнати со  грант на Глобалниот фонд, информираше министерот за здравство, д-р Венко филипче […]

ДЕН НА РЕТКИ БОЛЕСТИ-ГОДИНАВА ВОВЕДЕНИ ТРИ НОВИ ЛЕКА

Еден од врвните приоритети на Министерството за здравство е континуираното унапредување на третманот на лицата со ретки болести и во таа насока ќе продолжиме да работиме и во иднина. Затоа, годинава воведовме 3 нови лекови во Програмата за ретки болести и тоа: еден нов лек за терапија на Гоше, еден нов лек за терапија на лица […]

РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ ЗА ХИВ/СИДА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска учествуваше на Регионалниот форум за одржливост на здравствените услуги за лица со ХИВ и туберкулоза, на кој присуствуваше и Аида Куртовиќ, претседавач на управниот одбор на Глобалниот фонд за борба против ХИВ/сида, туберкулоза и маларија. Во рамки на форумот, министерот истакна дека за Владата на Република Македонија приоритет […]