МЗ ФОРМИРА КОМИСИЈА ЗА СТРУЧЕН НАДЗОР ЗА СМРТТА НА РОДИЛКАТА

Министерот за здравство изразува жалење и истовремено внимателно го следи случајот со починатата родилка. Во насока на целосно и транспарентно информирање на јавноста формирана е комисија со стручни лица од МЗ и ДСЗИ која ќе ги утврди околностите на настанот.

СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА ИТАЛИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска оствари средба со Н.Е Карло Ромео, амбасадор на Република Италија. На средбата беше разговарано за унапредување на соработката во повеќе сегменти на здравствениот систем, како и размена на искуства со реномирани италијански доктори кои се експерти во различни специјалности, со цел унапредување на квалитетот на здравствените услуги во […]

ДОКИЌ: СЕКОЈ ТРЕТ МАКЕДОНЕЦ ИМА АЛЕРГИИ

Трендот со алергии зема се поголем замав, така што во 2018 година, речиси секој трет, четврти Македонец ќе има некаква алергиска манифестација, изјави денеска проф. д-р Дејан Докиќ, на промоцијата на учебникот „Алергологија“ на Медицинскиот факултет во Скопје. – Алергиите во Македонија, земајќи ја предвид претходната епидемиолошка студија од Институтот за медицина на трудот од 2003 […]

СРЕДБА СО ЗДРУЖЕНИЕТО БОРКА – ЗА СЕКОЈ НОВ ДЕН

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се сретна со претседателката на здружението БОРКА – За секој нов ден. На средбата беше потенцирано значењето на соработката со граѓанските здруженија како клучна алка меѓу пациентите и јавното здравје. Меѓу другото, на средбата стана збор за потребата од изготвување и имплементација на национална стратегија за контрола на […]

РАБОТНА СРЕДБА МЕЃУ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЗ И ФЗОМ

Во просториите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија се одржа четврта работна средба на претставници на второстепениот орган од Министерството за здравство со претставници од првостепениот орган, односно подрачните служби на Фондот од југоисточна Македонија. Средбата ја отвори м-р Михајло Костовски со свое излагање ги запозна присутните со општите одредби од Законот за општата […]

СРЕДБА СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗДРАВСТВЕНАТА МРЕЖА НА ЈИЕ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска одржа работна средба со директорката на Секретаријатот на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, д-р Мира Јовановски – Дашиќ. На средбата стана збор за претстојните активности и здравствени предизвици во регионот, со посебен фокус на министерскиот состанок посветен на имунизацијата кој ќе се одржи на 20 февруари 2018 година […]

СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА СЗО ВО СКОПЈЕ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се сретна со Жихан Тавила, претседател на Канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје. На средбата беше потенцирана досегашна успешна соработка со оваа меѓународна организација, а воедно се разговараше за текот на реализација на Двегодишниот договор за соработка со СЗО, идните реформски цели и приоритети, како и активностите […]

РАБОТНА СРЕДБА СО ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска одржа работна средба со заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули. На средбата стана збор за сеопфатна и подолгорочна стратегија за справување со аерозагадувањето, со координиран интерсекторски пристап. Работните средбите со министерството за животна средина ќе продолжат и во иднина, со цел континуирана координација за […]

ПРЕКИНАТИ МЕРКИТЕ ЗА АЛАРМИРАЊЕ

Согласно податоците од ДАМСКВ на ден 09.01.2018, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање (среднодневни концентрации над 200 g/m3 барем на две мерни места во Скопје и стабилна временска прогноза). Имено, среднодневната концентрација на РМ10 од 200 g/m3 е надмината само на едно мерно место во Скопје, а со тоа епизодата со […]

СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА СИНДИКАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска, се сретна со претставници на синдикатите од областа на здравството. На средбата се разговараше за мерката за зголемување на паушалите за дежурства, како што беше претходно ветено. Овој вид средби ќе бидат редовна практика и во наредниот период, при реализација на активности, кои се во интерес на медицинскиот […]