ПОЧЕТНА

ПОСЕТА НА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ТЕТОВО И СРЕДБИ СО ЖИТЕЛИТЕ ОД УРВИЧ И БРВЕНИЦА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче ја посети Клиничката болница во Тетово, при што оствари средби со директорот, д-р Флорин Бесими, како и со жителите на тетовските села Урвич и Брвеница. Министерот најави дека ќе се преземат сите мерки за да се олесни функционирањето на здравствените центри, а граѓаните ќе добијат поквалитетни здравствени услуги.

СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА ФРАНЦИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска одржа средба со амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристијан Тимоние. На средбата стана збор за можностите за соработка во повеќе сегменти на здравствениот систем, меѓу кои здравствената инфраструктура, нова опрема, како и во делот на едукација на кадарот. Посебен фокус беше ставен на размената на искуства меѓу двете земји, […]

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО И 73 ГОДИНИ ЦРВЕН КРСТ НА РМ

Црвениот крст на Република Македонија одбележа 73 години од своето постоење и 23 години од полноправното членство во Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвена полумесечина. На настанот се обрати министерот за здравство, д-р Венко Филипче, кој истакна дека Црвениот крст на РМ е сериозен партнер во активностите, кои заеднички се преземаат за […]

СРЕДБА СО АМБАСАДОРКАТА НА ТУРЦИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна работна средба со aмбасадорката на Турција во Скопје, Н.Е. Тулин Еркал Кара, во насока на унапредување на меѓусебната соработка на двете земји во областа на здравството.

МИРНА СОСТОЈБАТА СО МОРБИЛИ ВО ДРЖАВАТА, ВАКЦИНАЦИЈАТА НАЈДОБРА ПРЕВЕНТИВНА МЕРКА

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, одржа редовна работна средба, со цел согледување на состојбата со морбили во соседството и во европскиот регион, како и состојбата со морбили во државата. Во Република Македонија во 2018 година досега се регистрирани девет случаи со морбили, од кои само четири се епидемиолошки поврзани. Следејќи ја состојбата […]

РАБОТНА СРЕДБА ЗА ДИНАМИКАТА НА ГРАДБА НА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна средба со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.  На средбата се разговараше за динамиката за градење на новиот клинички центар, како и за натамошно унапредување на заедничката соработка меѓу двете институции.

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА НАЦИОНАЛЕН ПЛАН ЗА ВОНРЕДНИ СОСТОЈБИ ЗА МИГРАЦИЈА

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, денеска учествуваше на тркалезна маса за развивање платформа за сеопфатен национален план за вонредни состојби во областа на миграцијата, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во рамки на своето обраќање, д-р Милошев потенцираше дека за време на мигрантската криза, здравствениот сектор ги презема сите […]

НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ЌЕ СЕ ГРАДИ НА ЛОКАЦИЈА ВО БАРДОВЦИ

Новиот Клинички центар ќе се гради на локација во близина на Психијатриската болница во Бардовци, а планирано е таму да бидат сместени и Медицинскиот факултет, соодветен истражувачки центар и кампус за студенти по медицина, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Според проценките, изградбата треба да почне за година и пол до две, а да трае четири […]

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИ ДЕН НА БУБРЕГОТ

Државниот секретар, д-р Владимир Милошев учествуваше на традиционалното одбележување на Светскиот ден на бубрегот, во организација на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“, што годинава се одбележа под мотото „Бубрезите и здравјето на жените“.  -Министерството, секоја година, во рамки на превентивните и куративните програми изготвува посебна Програма за трансплантација, која за годинава изнесува 8 милиони денари. Во […]

СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЧКИ НА ЖЕНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ПО ПОВОД 8 МАРТ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска по повод одбележување на 8 март – Интернационалниот ден на жените, одржа средба со претставничките на женски организации, како партнер на Министерството во креирање политики за унапредување на здравјето на мајките и новороденчињата.