ПОЧНАТА НАБАВКА НА 12 АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА ЗА СЛУЖБИТЕ ЗА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ

Министерството за здравство почна јавна набавка на 12 амбулантни возила за службите за Итна медицинска помош. Дополнително, очекуваме уште 3 возила за Итна медицинска помош од донација во следниот период. Целта е зголемување на капацитетите на здравствените установи со возила за ИМП. Возилата ќе бидат распределени во установите каде е најкритична состојбата и каде е […]

ВТОР ОТВОРЕН ДЕН НА ВЛАДАТА СО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ – БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

На денешниот втор по ред отворен ден на Владата со граѓанските организации, со наслов „Борба против корупција“, се дискутираа иницијативи поднесени од страна на граѓанските организации, а на оваа тема говореше и министерот за здравство, д-р Венко Филипче. Министерот Филипче нагласи дека корупцијата е закана за основните човекови права и слободи, која има штетно влијание врз […]

СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО СО РЕГИОНАЛНАТА ДИРЕКТОРКА НА СЗО ЗА ЕВРОПА, СУЗАНА ЈАКАБ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска се сретна со регионалната директорка на Светската здравствена организација за Европа, Сузана Јакаб. На средбата стана збор за зајакнување на здравствениот систем, интегрирање на справувањето со незаразните болести во системот за примарна здравстена заштита, како и здравствената заштита на новороденчињата и мајките. Воедно, се разговараше и за целите […]

НОВА АПАРАТУРА ЗА ОЧНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО КБ БИТОЛА

Клиничка болница Битола набави нова апаратура за унапредување на работата во очното одделение.  Со сопствени средства е набавен нов апарат за оптичка кохерентна томографија со ОЦТ ангиографија за испитување на задниот сегмент на окото. Процедурата е иновативна, неинвазивна и краткотрајна. Со ова, на очното одделение се отвора нов кабинет за компјутерска томографија во кој ќе […]

ВО СЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ ЌЕ СЕ РЕНОВИРА КЛИНИКА ЗА ДИГЕСТИВНА ХИРУРГИЈА

Во следните неколку недели Клиниката за дигестивна хирургија ќе се реновира. Заради тоа. дел од пациентите ќе се преупатуваат во ГОБ „8. Септември” и во хируршката клиника „Св. Наум Охридски” во Скопје. Во моментот, ГОБ „8.Септември” располага со шест респиратори во шок соба и два резервни респиратора, кои се користат. Заради големата фреквенција на пациенти […]

ДОЛГОРОЧНА ДОНАЦИЈА ЗА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ

Силк Роуд Банка АД и Универзитетската клиника за детски болести во Скопје потпишаа меморандум за соработка, со кој банката прераснува во долгорочен партнер на Клиниката. Универзитетската клиника за детски болести е единствена здравстена установа од ваков вид во земјата. На клиниката се спроведува специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита и здравствена дејност на терцијарно ниво од […]

ЛЕКАРСКАТА КОМОРА ОДБЕЛЕЖА 26 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО

Државниот секретар, д-р Владимир Милошев ги поздрави присутните на одбележување на 26 годишнината од основање Лекарска комора на Македонија.  Во своето обраќање тој истакна дека Лекарската комора е дел од системот на здравствена заштита, почитувана и компетентна професионална асоцијација. – Заеднички работиме на повеќе значајни области, во насока на унапредување на здравствениот систем во Република […]

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИ ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев се обрати на одбележувањето Светски ден на крводарителството.  Во своето обраќање д-р Милошев истакна дека во тек на овој месец Министерството за здравство реализира кампања на социјалните медиуми под мотото „Донирај и подари живот“, со цел да ја покренеме свесноста за значењето на дарувањето крв, како […]

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИВАТНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ КОИ СЕ ВО МРЕЖАТА НА ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ

Во врска со Програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) за пензионери во Република Македонија, Министерството за здравство Ве известува дека Владата на Република Македонија за 2018 година ја донесе Програмата за изменување и дополнување на Програмата за  обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) за пензионери […]

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЕН ПРОЕКТ ЗА НОВА ГРАДСКА БОЛНИЦА

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО објавува КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЕН ПРОЕКТ ЗА НОВА ГРАДСКА БОЛНИЦА на локација во општина Аеродром Министерството за здравство информира дека е распишан Конкурс за избор на Идеен проект за Нова Градска болница на локација во општина Аеродром. Конкурсот ќе се спроведува преку Електронскиот систем за јавни набавки, каде што се објавени […]