Новости

ПАЦИЕНТОТ СО ТРАНСПЛАНТИРАН ЦРН ДРОБ ВО СТАБИЛНА ПОСТОПЕРАТИВНА СОСТОЈБА

Министерот за здравство д-р Беким Сали го посети првиот пациент со трансплантиран црн дроб од починат донор во нашата држава. -Шеесетгодишниот пациент, кому му беше извршена првата трансплантација на црн дроб од починат донор е во добра стабилна постоперативна состојба. Голема благодарност до комплетниот трансплантациски тим – оперативниот зафат за екстрипација на црн дроб од […]

МИНИСТЕРОТ САЛИ ГО ОТВОРИ 13. СТОМАТОЛОШКИ КОНГРЕС К-4

„Интердисциплинарна стоматологија–нови иновативни идеи“ е тема на 13-тиот конгрес на нови технологии К-4, кој го отвори министерот за здравство д-р Беким Сали. Овој едукативен настан го организира Стоматолошката комора, со партнерските комори од Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина, а под покровителство на претседателот на РСМ, Стево Пендаровски. Одлична можност за размена на идеи и […]

ИНСТИТУТОТ ЗА РАДИОЛОГИЈА ОДБЕЛЕЖА 75-ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ

Институтот за радиологија го одбележа 75-годишниот јубилеј од успешното функционирање, период на континуирано следење на трендот на технологијата, набавка на нова апаратура и воведување современи дијагностички процедури. -Обезбедуваме најсовремен мамографски систем со томосинтеза и стереотаксична биопсија, како и ултразвучен апарат за дојка. Исталиран е и нов ангиографски систем за интервентни радиолошки процедури, единствен на овие […]

САЛИ: ФОКУСИРАНИ СМЕ НА УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ПРИМАРНАТА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

Одржана работна средба во Министерството за финансии, со поддршка од Регионалната канцеларија на Светска банка во РСМ. На средбата со Фадиа Садах, директор за човечки развој за регионот на Европа и Централна Азија, главна тема беше зајакнување и развој на човечки капитал преку инвестиции во трите клучни сектори: здравство, образование и социјална заштита. -Фокусирани сме […]

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ХАСАНИ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СТУДИЈА ЗА ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД МЕРКИТЕ ВРЗ ИСХРАНА КАЈ ДЕЦАТА

Државниот секретар во Министерство за здравство, д-р Јусуф Хасани, заедно со претставници од МЗ, присуствуваше на презентација на студијата за „Влијанието на Kовид 19 мерките (карантини и затворање на училиштата) врз навиките на исхрана кај децата“. На настанот беа презентирани наодите од студијата во однос на квантитативно истражување-теренска анкета со родители и адолесценти, како и […]

ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗАСЛУЖУВААТ ПОЧИТ -НЕ ТРЕБА ДА БИДАТ РЕДУЦИРАНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ЗА НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЖУРСТВА И НОЌЕН ТРУД

Министерството за здравство сите напори континуирано ги насочува кон афирмација и унапредување на статусот и улогата на здравствените работници во општеството. Изминатите три години здравствените работници и здравствените соработници, посветено и со натчовечки напори работеа на браникот на ковид пандемијата, пружајќи помош и борејќи се за здравјето и животот на секој пациент. Министерот за здравство, […]

МИНИСТЕРОТ САЛИ СО ПОЗДРАВНО ОБРАЌАЊЕ НА V СИМПОЗИУМ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКОТО ИМПЛАНТОЛОШКО ЗДРУЖЕНИЕ

Министерот д-р Беким Сали ги поздрави присутните на V симпозиум од хуманитарен карактер, во организација на Македонското имплантолошко здружение.   -Како што знаете, и јас доаѓам токму од фелата на стоматолозите, така што ми се познати предизвиците со кои се соочуваат моите колеги и заеднички се стремиме кон целокупно унапредување на стоматолошката дејност. Воедно, наш […]

ПРОДОЛЖУВА НАЦИОНАЛНАТА СКРИНИНГ ПРОГРАМА ЗА РАНО ОТКРИВАЊЕ РАК НА ДОЈКА, СЕ НАБАВУВААТ НОВИ МАМОГРАФИ ЗА ЈЗУ ВО ДРЖАВАТА

Почнувајќи од 1 ноември продолжува националната скрининг програма за рано откривање рак на дојка. Оваа година во програмата се вклучени жени во возрасната група од 45 до 69 години. Мамографскиот скрининг е бесплатен за жените според оваа програма. Ракот на дојка е најчесто малигно заболување кај жените. Со цел навремена дијагностика и рано откривање на […]

МИНИСТЕРОТ САЛИ НА СРЕДБА СО КОМОРИТЕ – ДОГОВОРЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ

Министерот за здравство, д-р Беким Сали одржа работна средба со претставници на Лекарската, Фармацевтската и Стоматолошката комора,  на која беше разговарано за измените и дополнувања на Законот за здравствената заштита во контекст на тековните реформи во примарната здравствена заштита, дополнителната дејност и дополнителната работа на лекарите, фармацевтската дејност и стоматолошката здравствена заштита. На средбата беа […]

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР Д-Р ХАСАНИ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОСТАНОК ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ НА РАБОТНОТО МЕСТО – СО ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ НА РАБОТНОТО МЕСТО ДО ЗДРАВИ ВРАБОТЕНИ И ПРОДУКТИВНА РАБОТА

Државниот секретар на Министерството за здравство д-р Јусуф Хасани присуствуваше на националниот состанок за „Унапредување на физичката активност на работно место“, организиран во соработка на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ – Скопје и Институтот за медицина на труд – Колаборативен центар на СЗО, со поддршка од Канцеларијата на Светската здравствена организација […]