EN
MK
AL

Нема резултати

 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Алиу се сретна со амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас

Министерот Алиу се сретна со амбасадорот на ЕУ,  Михалис Рокас

Министерот за здравство, Азир Алиу денес оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Н.Е. Михалис Рокас.

На средбата, министерот Алиу го информираше амбасадорот Рокас за клучните приоритети и реформски насоки во здравствениот сектор, вклучувајќи ги плановите за дигитализација, транспарентност, подобрување на инфраструктурата и јакнење на човечките ресурси. Во разговорот беа нагласени важноста на ефикасен, инклузивен и фер здравствен систем, како и потребата од одржливо финансирање и унапредување на здравствените услуги за сите граѓани.

Министерот Алиу ја истакна отвореноста на Министерството за здравство за продлабочување на соработката со институциите на Европската Унија, со цел имплементација на европски стандарди, поддршка на реформските процеси и размена на добри практики.

Средбата се одвиваше во конструктивна атмосфера, со заемна согласност за натамошна соработка во интерес на здравствениот систем и европската интеграција на земјата.

Мени за пристапност