ЛИСТА НА ПОСЕБНИ СОВЕТНИЦИ


ПОСЕБНИ СОВЕТНИЦИ

1) Дритан Исмаили – Шеф на кабинет

Шефот на кабинет раководи со кабинетот на министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче. Ја организира работата и условите за работа во кабинетот. Ги распоредува задачите во Министерството за здравство. Го следи процесот на организација, подготовка и спроведување на активностите во кабинетот. Решава и за правата и обврските на вработените во кабинетот.

Исмаили ја координира соработката на министерот со другите министри, пратеници во Собранието, градоначалниците, раководните лица на другите институции, домашни меѓународни владини невладини организации и политички партии.

Шефот на кабинет е во секојдневна комуникација и соработка со заменикот министер за здравство и државниот секретар во ресорната институција.

Нето плата: 50.000 денари


2) Ангела Велинова – ПР

Ангажирана во кабинетот на министерот за потребите на Секторот за односи со јавноста во Министерството за здравство.

Спремање говори и соопштенија кои се испорачуваат до медиумите. Учествување во подготовка на материјали, помагање во техничката подготовка на актите и стручните материјали во одделението, вршење работи што се однесуваат на обезбедување информации.

Следење на информациите во електронските и печатени медиуми, собирање, средување и обработување податоци од одредена област, неопходна за изработка на информација наменета за јавноста. Објавување на социјални медиуми и правење дизајнерски решенија/креативи кои се објавуваат на новите медиуми. Ажурирање на веб-страницата со нови информации. Внесување на податоците во алатката за отчетност на носителите на јавни функции во Министерството за здравство.

Нето плата: 50.000 денари


3) Татјана Васиќ Бозаџиева

(Во постапка)


КАБИНЕТСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

Во Министерството за здравство се утврдени 3 работни места на Кабинетските службеници:

  1. Кабинетски службеник за прашања поврзани со менаџирање на здравствен систем;
  2. Кабинетски службеник за прашања поврзани со правни работи;
  3. Кабинетски службеник за прашања од областа на здравството;.

Кабинетскитете службеници, согласно член 28 став (2) од Законот за административни службеници се распоредени на овие работни места се до истекот на мандатот на функционерот во чиј кабинет се вработени и вршат работни задачи согласно Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за здравство.

Во однос на висината на личниот доход, согласно член 90 став(4) од Законот за административни службеници, Кабинетскиот службеник заради специфичните должности и работни задачи и 24-часовната достапност на функционерот во чиј кабинет работи, има право на додаток на плата за работа во кабинет, во висина од 10% до 30% од износот на основната плата

Кабинетски службеници

1) Вања Андонова, советник – ангажирана од 01.09.2020 со нето личен доход од 35.871,00 денари

2) Гордана Мајнова, државен советник – ангажирана од 01.09.2020 со нето личен доход од 58.183,00 денари

3) Иванка Стојаноски, помошник раководител на сектор – ангажирана од 01.09.2020 со нето личен доход од 46.020,00 денари