Проектна единица за имплементација на проектот за раконструкција и доградба на објектите на здравствени установи
Нема резултати
1.1 Одделение за мобилност и вработување во државна служба;
1.2 Одделение за мотивација, оценување, стручно оспособување,
Секторот за управување со човечки ресурси ги врши работите кои се однесуваат на методолошка, организациска и техничка поддршка во изработка на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, планирање и екипирање на човечките ресурси, пополнување на работните места преку вработување со јавен или интерен оглас, прераспоредување, воведување во работата и менторство, оценување на вработените, мотивација и одржување на човечките односи, проценка на постигнатото на секој државен службеник во периодот на оценување, подготвува Годишна програма за обука на вработените во Министерството усогласена со буџетските средства и стратешкиот план на Министерството и истата се доставува до Министерството за информатичко општество и администрација. Извршува стручна обработка на податоците од извештаите доставени од раководителите на одделенијата; се грижи за следење на имплементацијата на Законот за државните службеници и другите законски прописи од областа на работните односи и на другите подзаконски акти во државните органи, остварува редовни контакти со другите раководители на секторите, организира и остварува соработка со другите државни органи за работи од оваа област.
Секторот за управување со човечки ресурси во својот состав ги има следните одделенија :
Одделение за мобилност и вработување во државна служба – има за цел да ги спроведува постапките за вработување преку јавен оглас, интерен оглас, превземање од еден во друг орган на работно место во исто звање, планирање на човечки ресурси, координирање и контролирање на персоналната евиденција на Министерството за здравство, следење и применување на законите, подзаконските акти и други прописи што се однесуваат на државните службеници, вклучувајки ги оние поврзани со правичната застапеност на заедниците, следење на потребата од пополнување на работните места според систематизацијата и соработка со раководителите на останатите сектори и органи во состав и спроведување на кадровската политика во согласност со среднорочната стратегија на Министерството, соработување со Агенцијата за администрација и Министерството за информатичко општество и администрација во областите од делокругот на работата на одделението, доставување на ДС обрасци Министерството за информатичко општество и администрација за секоја настаната промена на работното место за вработените во Министерсвото согласно Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за здравство, барање на согласности за пополнување на слободни работни места, координирање на матичната евиденција на вработените во Министерствот за здравство, пријава и одјава во здравствено осигурување преку ЗО обрасци во Фондот за здравствено осигурување на Македонија за вработените во Министерството и членовите на нивните семејства кои се здравствено осигурани преку ностелот на здравствено осигурување, соработување со Пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и Агенцијата за вработување за потребите на Министерството за пријава за вработување или одјава за престанок на работен однос, изготвува Годишен извештај за изречени мерки за утврдување на дисциплинска и материјална одговорност за државните службеници во Министерството за тековната година и доставување до Министерството за информатичко општество и администрација, изготвува Годишен план за соодветна и правична застапеност на заедниците за Министерството и истиот се доставува до Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и Министерството за информатичко општество и администрација, утврдување на концепти за работа на одделението и превземање на мерки за подготвување и обработување на документацијата по утврдена методологија за вработените во Министерството за здравство, контролирање и одобрување на редовните статистички и други извештаи поврзани со персоналната евиденција за вработените во Министерството за здравство, изготвување на План за користење на годишен одмор за вработените во Министерството, изготвување на решенија за користење на годишен одмор, решенија за користење на платено или неплатено отсуство, решенија за мирување на работен однос и други решенија кои произлегуваат согласно Законот за државните службеници и другите законски прописи од областа на работните односи.
Одделение замотивација, оценување, стручно оспособување и усовршување – има за цел да извршува проценка и анализа за потребите од обуки со цел за подготовка на Годишна Програма за обуки за државните службеници во Минстерсвото која се базира врз реалните потреби на вработените во Министерството за здравство усогласена со буџетските средства и стратешкиот план на Министерството и доставување до Министерството за информатичко општество и администрација, давање на стручна помош и совети во работењето на државните службеници во одделението и грижа за стручното усовршување и работната дисциплина на вработените во одделението, спроведување на постапката на оценување на државните службеници во министерството, проценка на постигнатото на секој државен службеник во периодот на оценување, аналитичка обработка на податоците за спроведеното оценување, изработка на полугодишен извештај за оценувањето на државните службеници во Министерството и негово доставување до Министерството за информатичко општество и администрација, врши следење и евалуација на стекнати знаења од доставените извештаи од вработените кои присуствувале на одредени обуки, изготвување на Полугодишен извештај за спроведените специјализирани обуки за државните службеници во Министерството за здравство согласно добиените информации од джавните службеници и доставување до Министерството за информатичко општество и администрација, согледување на вредноста и квалитетот на реализираните обуки, развивање на политики и упатства за активно промовирање на култура на отворена комуникација и транспарентност во работењето, поттикнување на тимско работење, активирање и мотивација и одржување на човечките ресурси, грижа за високо ниво на мотивација и етика и следење на примената и почитувањето на етичкиот кодекс за државните службеници.
Одделение за мониторинг на екипираност со човечки ресурси во ЈЗУ и следење на правичната застапеност на заедниците – има за цел да ја следи на состојбата на екипираност со човечки ресурси и имплементацијата на правичната застапеност на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија, организира прибирање податоци за вработените во Јавните здравствени установи, по: школска спрема, квалификациона структура, полова застапеност и етничка припадност – припадност на заедницата и состојбата на интегрирањето на истите во рамките на институциите во кои работат согласно стратегијата и политиката на Владата на Република Македонија.
2.1 Одделение за кординација и односи со јавноста;
2.2 Одделение за стратешко планирање;
3.1 Одделение за превентивна здравствена заштита;
3.2 Одделение за примарната здравствена заштита;
Секторот за секундарна и терциерна здравствена заштита го следи системот, организацијата и развојот на секундарната здравствена заштита, го следи системот, организацијата и развојот на секундарната здравствена заштита, ги следи и проучува позитивните искуства во развојот на секундарната здравствена заштита во развиените земји, за развојот и планирањето на болничката здравствена заштита; и воведување на современа здравствена технологија; се предлагаат стручни и научни проекти на Републиката и на меѓународен план сврзани со проблематиката од секундарната здравствена заштита, се организира надзорот над стручната работа во секундарната здравствена заштита. Се подготвуваат планови за потребата од специјалистички и супспецијалистички кадри на здравствени работници и здравствени соработници во Република Македонија. Се водат постапки за признавање на приправнички стаж и стручен испит поминати и положени во странство за здравствените работници со средно и више образование, издавање на одобренија за специјализација на здравствени работници кои не се државјани на Република Македонија; издавање на потврди за положени стручни испити и специјализации, ги следи активностите утврдени со Програмите кои ги донесува Владата на Република Македонија како и распоредување на средствата од тие програми по здравствените установи кои ги вршат овие активности. Секторот е организиран со следните одделенија:
Одделение за болничка дејност – надлежно за организацијата, функционирањето и контролата на болничката здравствена заштита, изготвува планови и спроведува мерки за унапредување, рационализирање за следење на системот, организацијата и развојот на болничката дејност; ги анализира здравствените ефекти од функционирањето на болничката дејност; предлага мерки за воведување на ефективна здравствена технологија во болничката дејност, ги анализира и проучува односите на болничката дејност; го следи материјалното и техничко опремување и дава предлози за целесообразно и наменско опремување на установите кои ја спроведуваат болничката дејност
Одделение за специјалистичко-консултативна дејност – надлежно за организацијата, функционирањето и контролата на секундарна здравствена заштита, изготвува планови и спроведува мерки за унапредување, рационализирање за следење на системот, организацијата и развојот на специјалистичко-консултативната здравствена заштита; ги анализира здравствените ефекти од функционирањето на специјалистичко-консултативната здравствена заштита; предлага мерки за воведување на ефективна здравствена технологија во специјалистичко-консултативната здравствена заштита, ги анализира и проучува односите на специјалистичко-консултативната здравствена заштита; го следи материјалното и техничко опремување и дава предлози за целесообразно и наменско опремување на установите кои ја спроведуваат специјалистичко-консултативната здравствена заштита
Одделение за менаџмент во здравствениот сектор – Воспоставување на национален систем за здравствено истражување; евалуација на здравствената политика во Република Македонија, дефинирање на фактори кои треба да се земат во предвид во поставување на националните приоритети во врска со јавно здравствените проблеми, спроведување, развивање и застапување на здравствени политики од областа на јавното здравје, како и обезбедување на препораки за подобрување на услугите/процедурите, ги идентификува пречките и трошоците, дефинирање на систем на показатели/индикатори за следење на работењето на здравствените установи со цел подобрување и развој на јавното здравје; следење на дефинираниот систем на показатели/индикатори; континуирана обука на здравствениот персонал за потребата и прилагодувањето кон новите потреби.
5.1 Одделение за нормативно – правни и управни работи
5.2 Одделение за здравствено осигурување
Секторот за нормативно – правни и управни работи подготвува нацрти на закони и подзаконски акти од областа на здравството, проучува прописи од областа на здравството; подготвува анализи, информации, извештаи и мислења; разменува информации, мислења и искуства во соработка со другите органи на управата и води управни постапки за основање и статусни промени на здравствените установи. Секторот е организиран со следните одделенија:
Одделение за нормативно-правни работи (подготвува закони, подзаконски акти, информации и анализи за одредени состојби во областа на здравството и предлага мислења и активности, дава мислења и објаснувања за непосредна примена на прописите од областа на здравството, подготвува анализи, информации, извештаи и мислења во спроведувањето на прописите);
Одделение за управни работи (води постапка за основање, промена и проширување на дејноста и други статусни промени на здравствени установи, организира утврдување на исполнувањето на потребните услови по однос на просторот, опремата и кадарот за здравствените установи, води и други управни постапки утврдени со Закон).
6.1 Одделение за имплементација, мониторинг и евалуација на ИПА проекти
6.2 Одделение за преговори, интеграции преведи
7.1 Одделение за утврдување на потреби, планирање, евиденција и следење на состојбата со медицинската опрема во здравствените установи
7.2 Одделение за донации и спонзорств
8.1 Одделение за буџетска координација, сметководство и плаќања
8.2 Одделение за буџетска контрола
Секторот за финансиски прашања има за цел да ги следи и применува законите и подзаконските акти од областа на буџетското и материјалното – финансиско работење, управување со јавните средства на законски, правилен, етички, економичен, ефективен и ефикасен начин, врши правилно евидентирање на финансиските трансакции и навремено финансиско известување и следење на резултатите од работењето. Врши подготовување на Буџетот, негово извршување и следење на реализацијата на Буџетот. Го дефинира Планот за јавни набавки, ја контролира изработката на тендерската документација и се грижи за примена на прописите со кој се регулираат јавните набавки, ја планира динамиката на извршување на набавките, го контролира и следи реализирањето на набавките. Контрола и следење на финансиското и сметководственото работење во министерството и правилна примена на законските прописи. Следи и контролира изготвување и реализација на програмите. Подготвува годишен план за реализација на Буџетските средства и квартални финансиски планови и извештаи за реализирањето на финансиските средства. Задолжително дава мислење по предлог актите што ги изготвуваат другите организациони единици и предлог актите кои имаат или може да имаат финансиски импликации за буџетот на министерството.
Секторот е организиран во четири одделенија:
9.1 Одделение за административни технички – работи и архивско работење
9.2 Одделение за координација на возен парк и оптшо- технички работи
9.3 Одделение за преводи, лекторирање и јазична редакција
10.1 Одделение за утврдување на цени на лекови
10.2 Одделение за креирање на политики во фармацијата
11.1 Одделението за управување со хемикалии
11.2 Одделението за инспекциски надзор на хемикалии
11.3 Одделение за контролирани супстанции
Последна промена: 03 Мај 2020 година.
Правните субјекти кои вршат промет и употреба на Прекурзори
12.1 Одделение за изработка на извештаи
12.2 Одделение за анализа и поддршка на проекти
13. Одделение за внатрешна ревизија
14. Одделение за координација на јавни набавки
15. Сектор за стоматолошка заштита
15.1 Одделение за примарна и превентивна стоматолошка заштита
15.2 Одделение за секундарна и специјалистичка стоматолошка заштита
Проектна единица за имплементација на проектот за раконструкција и доградба на објектите на здравствени установи