Поголема достапност на лекови, реформа на итната помош, обнова на болниците и дигитално здравство се дел од проектите за кои на прес-конференција зборуваше министерот Клековски.
Со поддршка од Светска здравствена организација и во соработка со Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи се одржа втора национална работилница за зајакнување на националната рамка за квалитет на здравствена заштита
Невролози и неврохирурзи од Клинички центар Љубљана и од универзитетските клиники во Скопје разговараа за длабоката мозочна стимулација кај Паркинс и за антиамилоидните терапии со леканемаб и донанемаб во рана фаза на Алцхајмер
Малите сипаници се едно од најзаразните заболувања, но од нив можеме да се заштитиме
Во рамки на посетата, министерот Клековски оствари повеќе билатерални средби, вклучувајќи и со министерот за здравство на Турција, Мемишоглу
При мозочен удар посебно значајни се превенцијата и навремениот третман, времето за реагирање е неколку часа и за тоа се потребни достапна радиолошка дијагностика и можност за брзо почнување со терапија
Досега се закажани 6.710 термини, а вакцинирани се 3.266 граѓани – во последните три работни дена по околу илјада дневно
Министерот Клековски ги истакна приоритетите на нашата земја и потребата од силна поддршка на СЗО за земјите од европскиот регион
Во наредните три дена, преку размена на знаења, искуства и добри европски практики, експертската мисија ќе придонесе кон подготовка на стратешки документ кој ќе ги постави насоките за координирано справување со предизвиците поврзани со дроги