Нема резултати
Со овој закон се уредуваат прашањата кои се однесуваат на системот и организацијата на здравствената заштита и вршењето на здравствената дејност, загарантираните права и утврдените потреби и интереси на државата во обезбедувањето на здравствената заштита, здравствените установи, вработувањето, правата и должностите, одговорноста, евалуацијата, престанокот на вработувањето, заштитата и одлучувањето за правата и обврските на здравствените работници и здравствените соработници, квалитетот и сигурноста во здравствената дејност, коморите и стручните здруженија, рекламирањето и огласувањето на здравствената дејност, вршењето на здравствена дејност во вонредни услови и надзорот над вршењето на здравствената дејност.
ЗАКОН ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА, редакциски пречистен текст објавен од „Службен весник на Република Македонија” – август 2024 година
Со овој закон се уредуваат условите што во поглед на здравствената безбедност треба да ги исполнуваат козметичките производи што се произведуваат или се ставаат во промет, испитувањето на безбедноста, како и надзорот. Одредбите од овој закон се однесуваат и на супстанциите што се користат за производство на козметичките производи, како и на супстанциите што им се додаваат заради одржување или подобрување на нивните органолептички и други својства.
Со овој закон се уредуваат квалитетот и безбедноста на човековата крв и крвни компоненти, прибирањето и тестирањето на човековата крв и крвни компоненти без оглед на целта за која се наменети, како и преработката, чувањето и дистрибуцијата на човековата крв и крвни компоненти наменети за трансфузија.
Со овој закон се уредуваaт правото на биомедицинско потпомогнато оплодување, условите за остварување на правото за биомедицинско потпомогнато оплодување, безбедноста на донирањето, обезбедувањето, тестирањето, обработката, чувањето, дистрибуцијата и примената на клетките при вршењето на биомедицинско потпомогнато оплодување, правата и обврските на пациентот, здравствените работници и здравствените установи, условите за спроведување на биомедицинско потпомогнато оплодување, како и надзорот.
Со овој закон се уредуваат видот и условите на организирање и спроведување на доброволното здравствено осигурување.
Со овој закон се уредуваат евиденциите, збирките на податоци и регистрите од областа на здравството, начинот на прибирање, обработка, архивирање и чување на податоците, објавувањето на податоците, обезбедување на квалитетот на податоците и заштита на податоците, како и остварувањето на правата и обврските поврзани со евиденциите во областа на здравството.
Со овој закон се уредуваат класификацијата, пакувањето и означувањето на хемикалиите, условите за производство на хемикалиите, правата и обврските на правните лица кои произведуваат, ги ставаат во промет хемикалиите или ги употребуваат хемикалиите, водењето на регистар на хемикалии, ограничувањето и забраната на производството, ставањето во промет и употребата на хемикалиите, увозот и извозот на одредени опасни хемикалии, ставањето во промет на биоцидните производи и детергентите, надзорот, како и други прашања кои се однесуваат на хемикалиите. Со овој закон се уредуваат и постапките за пријавување на нови супстанции и оценување на нови и постојни супстанции, постапките за нотификација, рекламирање, постапките за меѓусебно признавање на сертификатите и обврските за известување.
Со овој закон се уредуваат спроведувањето на основните функции и задачи на јавното здравје, системот на јавното здравје, јавно-здравствените вонредни околности и финансирањето на јавното здравје.
Со овој закон се уредуваат прашањата кои се однесуваат на системот, организацијата и примената на методите и постапките на комплементарната и алтернативната медицина, лицата кои применуваат методи и постапки на комплементарна и алтернативна медицина, установи за комплементарна и алтернативна медицина, Центарот за традиционална кинеска медицина, квалитетот на методите и постапките на комплементарната и алтернативната медицина, Комората за комплементарна и алтернативна медицина, лиценцата за работа, стручниот надзор над работата на практичарите на комплементарна и алтернативна медицина и други работи кои се однесуваат на комплементарна и алтернативна медицина.
Овој закон ја воспоставува рамката за професионално применување на комплементарната и алтернативната медицина и се однесува на сите кои применуваат методи и постапки на комплементарната и алтернативната медицина опфатени со овој закон.
Со овој закон се уредуваат:
– надлежностите на државните органи надлежни за контролата на производството и прометот на опојни дроги и психотропни супстанции,
– мерките за превентива на употребата и злоупотребата на опојни дроги, психотропни супстанции, за лекување, рехабилитација и социјална реинтеграција на лица зависни од опојни дроги и психотропни супстанции,
– класификација на супстанции и растенија како опојни дроги и психотропни супстанции и растенијата од кои може да се добие опојна дрога, според режимот на забрана или контрола и според нивниот вид и особини,
– намената и условите на дозволеното одгледување на растенија од кои може да се добие опојна дрога, т.е. условите за производство, промет на опојни дроги, психотропни супстанции и на растенијата од кои може да се добие опојна дрога,
– надзор над одгледувањето на растенијата од кои може да се добие опојна дрога, како и на производството, прометот и поседување на опојна дрога, психотропни супстанции, растенија од кои може да се добие опојна дрога и
– мерки за сузбивање на злоупотребата на опојните дроги и психотропните супстанции.
Со овој закон се уредуваат лековите и медицинските средства за употреба во хуманата медицина, условите и начинот за обезбедување на нивниот квалитет, безбедност и ефикасност, начинот и постапките за нивно производство, испитување, ставање во промет, промет, формирање на цени, контрола на квалитет, огласување и инспекциски надзор. Со овој закон се уредуваат и опојните дроги, психотропните супстанции и прекурзорите потребни за производство на лековите или медицинските средства ако не се уредени со друг закон.
Со овој закон се уредува континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, следењето на новите сознанија во медицината, унапредувањето на знаењето и практичните вештини на докторите на медицина.
Со овој закон се уредуваат основните начела за заштита, промоција и унапредување на менталното здравје, правата и обврските на лицата со ментална болест, правата и обвр- ските на здравствените установи и здравствените работници и соработници, постапката за заштита на правата на лицата со ментална болест, како и надзорот над спроведувањето на законот.
Со овој закон се уредуваат условите под кои може да се врши прекинување на бременостa, постапката за одобрување на прекинување на бременостa, условите што треба да ги исполнуваат здравствените установи за вршење на постапка за прекинување на бременостa и надзорот над условите и постапката за прекинување на бременоста.
Со овој закон се уредува системот за следење и контрола на производството и прометот на прекурзори со цел спречување на злоупотребата на прекурзори за нелегално производство на опојни дроги и психотропни супстанции, како и заради заштита на животот и здравјето на луѓето и заштита на животната средина од штетното влијание на прекурзорите.
Со овој закон се уредуваат надлежноста и организацијата на санитарната и здравствената инспекција, назначувањето на санитарните и здравствените инспектори, овластувањата и постапката за вршење на инспекцискиот надзор.
Со овој закон се утврдуваат мерките за спречување на појавата, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивање на заразните болести и на инфекциите, правата и обвр- ските на здравствените установи, правните и физичките лица, како и надзорот над спроведувањето на мерките, со цел на заштита на населението од заразни болести.
Со овој закон се уредуваат заштитата на правата на пациентите во користењето на здравствената заштита, должностите на здравствените установи и здравствените работници и соработници, општините и фондот за здравствено осигурување во унапредувањето и заштитата на правата на пациентите, постапката за заштита на правата на пациентите, како и надзорот над спроведувањето на законот.
Co овој закон се уредува системот на контролата на сите извори на јонизирачко зрачење, како и заштитата на населението и околината од изложеност или потенцијална изложеност на јонизирачко зрачење.
Со овој закон се уредува заштитата од штетните дејствија на пушењето на тутун и други производи од тутун врз граѓаните, зачувувањето на здрава животна средина, забрана на пушењето во одредени јавни простории и забрана за рекламирање на цигарите.
Со овој закон се уредува здравственото осигурување на граѓаните, правата и обврските од здравственото осигурување, како и начинот на спроведување на здравственото осигурување.
Со овој закон се уредуваат условите под кои можат да се земаат, чуваат, обработуваат, разменуваат, пренесуваат и пресадуваат делови од човечкото тело (органи и ткива) од живи или умрени лица заради лекување, условите што треба да ги исполнуваат здравствените установи што вршат работи на земање, чување, обработување, разменување, пренесување и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, организацијата и спроведувањето на земањето и пресадувањето делови од човечкото тело, како и надзорот над спроведувањето на овој закон.