Министерството за здравство воспоставува електронска база на доктори по медицина кои моментално работат или специјализираат во странство, со цел:
· да се воспостави директен канал за стручна соработка со дијаспората,
· да се мапираат профили, специјалности и експертизи што можат да придонесат во националниот здравствен систем,
· да се овозможи вклучување во краткорочни ангажмани, гостувања, обуки, менторство, консултации или проектна поддршка, согласно потребите на установите и програмите во 2026 година и понатаму.
Важно: Овој повик не претставува оглас за редовно вработување. Пријавувањето значи изразување интерес за можни форми на соработка, во случај на конкретна потреба.
Кој може да се пријави?
Доктори кои се вработени во странство (болници, клиники, други здравствени институции).
Доктори на специјализација/супспецијализација во странство.
Доктори во академски/истражувачки институции или јавно-здравствени организации во странство.
Како да се пријавите?
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронски модул на веб-страницата на Министерството за здравство.
По пријавување, Министерството за здравство ќе ги контактира пријавените лица само кога ќе има конкретна програма/потреба што одговара на понудениот здравствен/образовен профил (обука, експертска поддршка, онлајн сесија и сл.).