EN
MK
AL

Нема резултати

 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лекарите по семејна медицина имаат суштинско значење во системот, заеднички сме фокусирани на унапредување на електронското здравство

Лекарите по семејна медицина имаат суштинско значење во системот, заеднички сме фокусирани на унапредување на електронското здравство

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа работна средба со претседателот на Здружението на лекари по семејна медицина (ЗЛОМ), д-р Драган Ѓоргиевски и со претставници од Здружението, на која се разговараше за повеќе актуелни теми, со фокус на унапредување на електронското здравство и можностите за укинување на хартиениот картон.

- Лекарите по семејна медицина имаат суштинско значење за превенција, рано откривање на болестите и континуирано следење на здравјето на пациентите. На денешната средба разговаравме за различните начини за стимулирање на семејните лекари за отворање нови ординации, како и за континуирана здравствена заштита во помалите населени места. Во таа насока интензивно работиме на промени на 12 закони, меѓу кои и дигитализација и надградба на националниот систем МојТермин, со цел унапредување на здравствениот систем и оптимизација на здравството во Македонија, истакна министерот Алиу.

Мени за пристапност