Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Алиу-Андоновска: Формиран е кризен штаб, препораките се по највисоки стандарди, нема радиоактивност во воздухот

Алиу-Андоновска: Формиран е кризен штаб, препораките се по највисоки стандарди, нема радиоактивност во воздухот
Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска на заедничката прес конференција при посетатата на Клиниката за токсикологија потенцираа дека од прв момент се следи состојбата со пожарот во скопското село Трубарево и се во постојана координација со сите надлежни институции.
 
- Како што знаете од вчера, Министерството за здравство креираше кризен штаб за состојбата во Трубарево и ја следевме и следиме во реално време целата ситуација што се случува од здравствена гледна точка. Денес сме тука пред токсикологија, имаше 4 хоспитализирани од кои тројца беа амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, четвртиот пациент е хоспитализиран. Надвор од животна опасност се сите 4 пациенти. Со Институтот за јавно здравје и со директорот на Клиниката за токсикологија направени се протоколи во овој период, доколку има потреба да се интервенира во некој дел. Како што знаете, ИЈЗ вчера излезе со препораки за граѓаните, истите препораки важат и денес, кажа министерот Алиу.
 
Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска посочи дека ова е една ситуација со која граѓаните и државата за првпат се соочуваат и многу е важно да не се политизира и да не се прави паника.
- Најважно е што сите институции според моите информации се веќе вклучени во целиот процес и заедно се координираме.
Институтот издаде одредени препораки, тие препораки се општи, но се во согласност со највисоките светски стандарди. Иако овие препораки изгледаат едноставни, сепак доколу се почитуваат од граѓаните од ранливите групи - овие препораки можат да придонесат да немаме онакви здравствени проблеми какви што би можеле да имаме. Институтот располага со најсовремена опрема и со професионалци кои во реално време ни покажуваат дали има отстапување од параметрите на радиоактивност во воздухот. Во моментов нема никакво, ниту минимално отстапување од нормалните параметри кои се однесуваат за радиоактивност во воздухот. Наши екипи ќе пристапат на терен токму во погодените места и ќе ги проверат почвата и водата во овие делови и граѓаните навремено ќе бидат информирани, заклучи Андоновска.
43

Мени за пристапност