Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Целосно реконструирани сместувачките капацитети на Клиниката за пластична хирургија

Целосно реконструирани сместувачките капацитети на Клиниката за пластична хирургија
На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија е извршена целосна реконструкција на сместувачките капацитети, каде изминатиот период се лекуваа дел од повредените лица од пожарот во Кочани и по тој повод министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети оваа Клиника.
 
- Целосно се реконструирани сместувачките капацитети на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија. Реновиран е посебен апартман во клиниката, како и собата за преврски, со што пациентите добиваат унапредени услови за престој и третман, а значително е подобрена и функционалноста на просторот, што директно влијае на квалитетот на грижата за пациентите. Со донацијата од Големата ложа на Македонија, во вредност од 25 илјади евра, обезбедена е и нова медицинска опрема, која опфаќа антидекубитални душеци, медицински лопатки, сталаци за инфузија, и други апарати, истакна министерот Алиу при посетата.
 
Министерот Алиу изрази благодарност за значајниот филантропски гест до членовите на Големата ложа на Македонија и на целото раководство, кои со овој чин покажуваат дека филантропијата е одговорност, а не само убав збор, а воедно и дека јавниот здравствен систем има пријатели и партнери кои веруваат во можноста за унапредување на грижата за пациентите.

Мени за пристапност