Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, доктор Азби Агуши, анестезиолог од ТОАРИЛУЦ и болнички координатор за трансплантација, апелира за важноста на донирањето органи.
-Говорејќи за трансплантацијата на органи, мојата порака е да се поддржи овој процес, не поради фактот што има потреба здравствениот систем, туку пораката е да ја поддржиме трансплантацијата, бидејќи на тој начин се поддржуваме самите себе, на тој начин им помагаме на луѓето од сите категории, особено на луѓето кои имаат животна потреба од органи, кои во многу случаи, во многу ситуации, немаат можност да имаат нормално функционирање во текот на нивниот секојдневен живот. Мојата порака е дека со подигнување на свесноста, да поддржиме процес кој има повеќегодишна историја, особено во нашата земја во последните години, има голем одек и на тој начин ние го имаме одржано целиот овој процес, посочува во своето видео обраќање д-р Агуши.
Тојн потенцира дека трансплантацијата не е само медицински чин, туку во исто време е и повисок благороден чин. Со поддршка на овој процес, се овозможува живот на лицата, кои немаат друг излез.
-Апелираме за поддршка од сите општествени сфери, бараме повисока свест, бидејќи како држава, како здравствен систем, имаме направено многу овој процес успешно да се реализира. Значи, да си помогнеме со поддржување на овој процес, со кој им помагаме на луѓето кои имаат потреба за подолг живот, потенцира д-р Агуши.