Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Донесовме две важни одлуки со кои директно го подобруваме функционирањето на јавното здравство во државата

Министерство за здравство Министерство за здравство
На седницата на Влада донесени две важни одлуки со кои директно го подобруваме функционирањето на јавното здравство во државата.
 
- 100 нови амбулантни возила со медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата. Со оваа одлука обезбедуваме средства за набавка на 100 нови амбулантни возила, со вкупна вредност од 461.250.000 денари, со преземање обврски во рамки на развојниот дел од буџетот во наредните четири години. Ова ќе значи побрза и поефикасна интервенција во итни случаи, навремен транспорт на пациенти до секундарно и терциерно ниво, подобра покриеност во урбаните и во руралните средини, истакна министерот Алиу.
 
Продолжува и постапката за решавање на проблемот со паркингот во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
 
Земјиштето на паркинг просторот ќе се запише во сопственост на Република Северна Македонија, со што се отстранува административната пречка за потпишување на договор со ЈП „Градски паркинг - Скопје“.
 
Со овој договор ќе се овозможи модернизација и значително зголемување на капацитетите за паркирање, но и воспоставување ред.
 
Предвидуваме комплетен мониторинг на паркирањето, информативни табли и дигитален водич што ќе ги насочува граѓаните. Целта која ќе ја постигнеме ќе биде пациентите и вработените да имаат функционален, безбеден и организиран пристап до комплексот клиники.

Мени за пристапност