Во рамки на работната посета на Сојузна Република Германија, министерот за здравство Сашо Клековски се сретна со претставници на Германската здравствена алијанса (GHA), Источниот комитет на германската економија (Ost-Ausschuss) и на Германската стопанска и индустриска комора (DIHK) во Берлин.
- Проширување на соработката со германските компании во областа на здравството е добра можност за унапредување на системот од аспект на едукација, вмрежување и партнерства, со цел зајакнување на капацитетите на јавното здравство. Воедно, германските искуства се особено значајни во надминувањето на јавноздравствените предизвици, посочи министерот Клековски во рамки на средбата.
Министерот Клековски упати благодарност до Роланд Геде, претседателот на Управниот одбор на GHA и претставниците на останатите организации за продуктивната средба и досегашната успешна соработка со нашата држава.