Министерот за здравство, Сашо Клековски, по потпишувањето на планот за соработка, заедно со министерката Катја Ивкова ја посетија Универзитетската акушерско-гинеколошка клиника „Мајчин дом“.
Директорот на Клиниката, проф. д-р Иван Костов, ги запозна со работата на оваа клиника, која е најголемата во Бугарија: околу 4.000 раѓања и околу 10.000 гинеколошки интервенции годишно, најголем оддел за предвремено родени бебиња и десет операциски сали.
На средбата беше разговарано за: пренатална дијагностика и неонатален скрининг, урогинекологија, роботска гинеколошка хирургија и онкогинекологија и беа разгледани можностите за соработка и размена во неонатологијата и роботската хирургија.