Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Медицинските сестри и акушерките се темел на здравствениот систем

 Медицинските сестри и акушерките се темел на здравствениот систем
-Оваа недела е потсетник на огромната улога што медицинските сестри и акушерки ја имаат во здравствениот систем и во општеството во целина. Вашата професија не е само работа, туку секојдневна грижа, посветеност, хуманост и поддршка за пациентите и нивните семејства. Вие сте столбот на здравствената заштита. Без вашата стручност, пожртвуваност и човечки пристап е невозможно да се замисли квалитетен здравствен систем - од превенција и дијагностика, до лекување, рехабилитација и нега, истакна министерот за здравство Азир Алиу на свечената академија во Тетово, во организација на Сојузот на здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“.
 
Во обраќањето тој ја нагласи и заложбата за континуирано унапредување на условите за работа, професионален развој и зајакнување на кадарот во јавните здравствени установи.
 
Воедно, упати благодарност до сите медицински сестри и акушерки за нивната посветеност, професионалност и секојдневна грижа за пациентите.

Мени за пристапност