Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Алиу на средба со амбасадорката на НР Кина, Џианг Сиаојан

Министерот Алиу на средба со амбасадорката на НР Кина, Џианг Сиаојан
Министерот за здравство, Азир Алиу, оствари протоколарна средба со новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Н.Е. Џианг Сиаојан.
 
На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на соработката во областа на здравството, со фокус на процесите на дигитализација, развој на телемедицината и примена на современи технологии во здравствениот систем.
 
Министерот Алиу ја запозна амбасадорката со тековните реформски активности на Министерството.
 
На средбата посебен акцент беше ставен на можностите за обука и усовршување медицински кадар, размена на експертиза и добри практики за развој на човечките ресурси во здравствениот систем.

Мени за пристапност