Министерот за здравство, Сашо Клековски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ја посети обновената неврофизиологија - простор од над 800 м² при Универзитетската клиника за неврологија.
Целосно се реновирани амбулантите, кабинетите и стационарот, со нова медицинска опрема и систем за климатизација.
„Најважно е она што не се гледа на фотографија. Досега пациентот се дијагностицираше на едно место, а за закрепнување одеше на друго. Со новиот простор за рехабилитација и кабинетот за когнитивен тренинг, тој пат е скратен — за човек со паркинсонова болест, тоа е разликата помеѓу самостоен живот и зависност од туѓа помош" - истакна Клековски.
Клиниката за неврологија е комплексна установа која се грижи за широк круг пациенти: од мозочен удар до мултипла склероза, од развојни невролошки нарушувања кај деца до невродегенеративни болести и деменции, па сè до главоболки и болни синдроми.
Министерството за здравство продолжува да ги поддржува чекор по чекор подобрувањата во условите за сите категории пациенти.
Министерот Клековски изрази благодарност до раководството и вработените на Клиниката за неврологија за нивната посветеност.