Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Почна пилот-акција за издавање на извод од матична книга на родени во болница, согласно член 4-а од Законот за матична евиденција, за лицата без државјанство

Почна пилот-акција за издавање на извод од матична книга на родени во болница, согласно член 4-а од Законот за матична евиденција, за лицата без државјанство
Министерството за здравство, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје почна пилот акција за издавање извод од матична книга на родени во болница, согласно член 4-а од Законот за матична евиденција за лицата без државјанство.
На две жени, кои немаат матичен број и секојдневно се соочуваат со низа системски пречки, им се овозможи пристап до системот на здравствена заштита преку Програмата за мајки и деца. Со ова тие добиваат право на бесплатно породување и користење на сите здравствени услуги предвидени за оваа ранлива категорија.
Со пилот акцијата нивните новороденчиња ќе бидат навремено внесени во системот, ќе добијат извод на раѓање, а со тоа и можност да го остварат своето право на државјанство. Ова е конкретен чекор кон справување со генерацискиот ризик од апатридија.
Во рамки на 16 дена активизам против родово базирано насилство, Министерството за здравство ја истакнува важноста од заштита, поддршка и унапредување на правата на жените Ромки, кои често се соочуваат со повеќекратна дискриминација и бариери во пристапот до основни услуги.
Продолжуваме заедно да градиме систем кој никого не остава зад себе.

Мени за пристапност