Клиничката болница Битола влегува во силен инвестициски и модернизациски циклус.
Во периодот од 2024 до 2026 година е набавена современа медицинска опрема во вредност од над 30,4 милиони денари, со која се заменуваат апарати стари повеќе од 20 години.
Особено значајна е замената на дигесторот на Одделението за патологија, кој бил набавен пред околу 55 години, уште од формирањето на болницата.
✅ електричен борер за ортопедија
✅ апарат за операции на катаракта со фако-метода
✅ ехо-апарат за Очното одделение
✅ опрема за уролошки интервенции
✅ нов колоноскоп и гастроскоп
✅ апарат за оптичка кохерентна томографија
✅ нов DEXA-апарат
✅ робот и современо софтверско решение поврзани со ПАКС-системот
Започната е и постапка за набавка на опрема за ехо-водена биопсија на простата, метода која за првпат ќе биде воведена во Клиничката болница Битола. Пациентите од Битола и регионот ќе добијат побрза, попрецизна и подостапна дијагностика во својата матична болница.
Парaлелно со инвестициите во опрема, од јули 2024 година досега се реализирани и 61 вработување на неопределено време, со што дополнително се зајакнува медицинскиот кадар.
Ова не е само замена на старата опрема.
Ова е кокретна инвестиција во посигурна дијагностика, поквалитетно лекување и подобра здравствена заштита за граѓаните на Битола и целиот регион.