EN
MK
AL

Нема резултати

 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превенција и заштита од родово базирано насилство: Заедно со жените и девојки Ромки кон институционални промени

Превенција и заштита од родово базирано насилство: Заедно со жените и девојки Ромки кон институционални промени
На завршната национална конференција за превенција и заштита од родово и семејно насилство, организирана под мотото „Превенција и заштита од родово базирано насилство: Заедно со жените и девојки Ромки кон институционални промени“, претставничката на Министерството за здравство, Џеннет Велиу, истакна дека спречувањето насилство врз жените и девојките претставува стратешки приоритет на здравствениот систем и на националниот одговор за ова прашање.
Здравствениот сектор е задолжен не само за обезбедување медицинска грижа, туку и за рано препознавање, документација и упатување на жртвите. Министерството веќе спроведува активности во согласност со Законот за заштита од насилство врз жените и со Истанбулската конвенција.
Како клучни активности беа посочени:
- усвојување Национална програма за одговор на здравствениот сектор
- воведување унифициран клинички протокол
- организирање стручни обуки за здравствените работници
- воспоставување систем за собирање и анализа на податоци
Овие мерки формираат основа за ефикасна, инклузивна и чувствителна поддршка на сите жени и девојки, со акцент на ранливите групи — жените и девојчињата Ромки и лицата со попреченост, кои се соочуваат со дополнителни бариери.
Министерството за здравство ја потврди подготвеноста за натамошна соработка и координација со сите релевантни институции и организации, со цел воспоставување интегриран систем за заштита, поддршка и достоинствен третман на жените и девојчињата.
...

Мени за пристапност