EN
MK
AL

Нема резултати

 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Работилница за финализирање на Националната стратегија за ретки болести

Министерство за здравство Министерство за здравство

Во организација на Министерство за здравство се одржа работилница за финализирање на националната стратегија за ретки болести и акцискиот план.

На работилницата присуствуваа членови од Министерство за здравство, Комисија за ретки болести, Национална алијанса за ретки болести (НАРБМ), Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за образование, Министерство за локална самоуправа, Агенција за лекови и медицински средства МАЛМЕД, Комисија за спречување и заштита од дискриминација.

На работилницата се финализираше неколкугодишната заложба на Министерството за здравство и НАРБМ, со цел во наредните години да се подобрат услугите, правата и квалитетот на живот на лицата со ретки болести. Националната стратегија за ретки болести е првата национално координирана активност за справување со ретките болести во државава, која ги претставува потребите на лицата со ретки болести на еден сеопфатен, колаборативен и пристап базиран на докази за постигнување најдобри можни исходи поврзани со здравјето и благосостојбата на лицата кои живеат со ретка болест во државата.

Мени за пристапност