Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на денешниот настан по повод унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост, во организација на интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост, што се одржа во Собранието.
Министерството за здравство, заедно со Министерството за образование и наука и Министерството за социјална политика, демографија и млади врз основа на „Меморандум за соработка“ се вклучени во воспоставување семејно-ориентиран систем за рана интервенција во детството. Здравството е првата врата каде што доаѓаат семејствата, затоа институционална задача е да не се пропушти ниту едно дете кое има доцнење во развојот, попреченост или ризик - било да е кај педијатар, патронажна служба, логопед или други стручни лица.