Заменик министерот, Јовица Андовски, денес, во Министерството за здравство ја пречека делегацијата од Република Романија на чело со д-р Раед Арафат, државен секретар за цивилна заштита во Министерството за внатрешни работи на Романија.
На средбата беа разменети искуства на двете држави, особено за справување со настани со масовни жртви како и искуствата на Романија со трансформација на службите за итна медицинска помош и ургентните центри во болниците во Романија.
Заменик министерот Андовски најпрвин изрази благодарност за несебичната подршка на Романија во справување со последиците од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, особено за личниот придонес на д-р Арафат во испраќање на специјалниот романски авион за транспорт на повредените во европските медицински центри.
На средбата уште еднаш се потврди одличната соработка меѓу институциите на двете држави, исто така, се реафирмираше заложбата за продлабочување на соработката особено во делот на ургентните служби и итната медицинска помош.