Министерот за здравство, Азир Алиу денес имаше работна средба со директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи, Билјана Димитрова, и со претставници од Агенцијата.
На средбата се разговараше за можностите за зголемување на ефикасноста на Агенцијата преку нејзино професионално зајакнување, подобрување на законската регулатива во делот на акредитација на здравствените установи, како и унапредување на квалитетот на здравствената заштита и безбедност на пациентите.