Министерот за здравство Азир Алиу ја претстави новата алатка
– секој петок, без никакви административни бариери и без потреба од посредници.
-Ова не е само техничка новина, туку став дека институциите мора да слушаат, а не да зборуваат сами со себе. Ова е одговор на реална потреба – здравството да биде систем што комуницира, вклучува и реагира навреме, истакна министерот Алиу.
Целта е да се изгради здравствен систем што зборува со граѓанинот, делува со интегритет и се води од доверба. Систем што не се управува според впечаток, страв или политички притисоци, туку се темели на точни податоци, реална анализа и вистинските потреби на населението.